Нема производи во вашата кошничка.

Клуб 5*

Delimano Stone Legend Classic Тава за палачинки

Photo
Video

Подгответе секаков вид на палачинки со Delimano Stone Legend Classic Тавата за палачинки. Благодарение на нејзината основа од јаглероден челик и емајл и нелепливата облога, вртењето на палачинките никогаш не било полесно. Quantanium облогата спречува лепење на површината и овозможува подготовка на лесни палачинки без масло. 24 см.

Delimano Stone Legend Classic Тава за палачинки
1.190,00 ден.
Изберете
Јавете ни се на 02 3094-550
Достапно на залиха. Време на испорака: 3 до 5 работни дена.
  • Кратко инфо
  • Детали за производот
  • Технички карактеристики
Кратко инфо

Подгответе секаков вид на палачинки со Delimano Stone Legend Classic Тавата за палачинки. Благодарение на нејзината основа од јаглероден челик и емајл и нелепливата облога, вртењето на палачинките никогаш не било полесно. Quantanium облогата спречува лепење на површината и овозможува подготовка на лесни палачинки без масло. 24 см.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Подгответе вкусни палачинки, во нелеплива тава

Од меки палачинки од крцкави тортилји или омлети, оваа тава ќе направи сè да биде возможно и вкусно. Тавата е изработена со основа од јаглероден челик и емајл, што обезбедува рамномерно и брзо загревање на целата тава. Ова гарантира рамномерно испечени палачинки, секој пат. Цврстата рачка не се загрева, што ја прави тавата безбедна за користење. Благодарение на мазниот нелеплив Quantanium слој (кој не содржи PFOA) и плитките рабови, ќе ги вртите палачинките со леснотија.

Нашата најнова гордост: обновената Stone Legend Classic линијата

Delimano Stone Legend Classic Тавата за палачинки е дел од нашата нова линија садови за готвење - Delimano Stone Legend Classic. Оваа прекрасна линија, препознатлива по својата сјајна црвена боја е изработена од основа од јаглероден челик и емајл обложена со Whitford QuanTanium облога, зајакната со честички од камен и титаниум. Оваа тава е достапна во една димензија – 24см.

Што друго можете да подготвите во тава за палачинки? Широката и рамна површина ви овозможува да ја користите за подготовка на повеќе работи, како на пример:

  • Омлет
  • Зеленчук
  • Тортилј
  • Дански палачинки
  • Kaiserschmarn (блага палачинка со потекло од Австрија),
  • Блинки (руски палачинки)
  • Француски тост 

Тава со 8 слоја, зајакната со титаниум

Delimano Stone Legend Classic е линија изработена со 8 слоја, каде што основата е составена од 3 а облогата од 5 слоја. Quantanium облогата е цврста поради тоа што во легурата има честички од вистински камен. Честичките од камен ја задржуваат топлината и постепено ја испраќаат до храната, со цел природната сочност, витамините и вкусовите да останат во храната. Честичките од камен ѝ даваат на храната традиционален вкус, како и сè друго што се готви на вистински камен.

За да ја зајакнеме облогата уште повеќе, додадовме и честички од титаниум. Quantanium облогата ќе трае со години и со неа ќе подготвите стотици палачинки со леснотија. Плус, таа е целосно трајна и отпорна на гребење, дури и соодветна за користење со метални алатки.

Користевме емајл, материјал кој со причина го сакаме

Емајлот е легендарен материјал, кој со децении се користи во подготовката на садови за готвење, бидејќи е цврст и мазен и има непорозна површина. Отпорен е на хемикалии и гребење, траен е и не гори.

Одговара на сите шпорети

Delimano Stone Legend Classic Тавата за палачинки може да се користи на сите шпорети, вклучително и индукција и може да се мие во машина за садови.

Лесно превртување на палачинки со нелеплива облога

Радоста во подготовката на палачинки лежи во нивното превртување. Со оваа тава, палачинките ќе се лизгаат од површината. Можете да готвите со минимална количина на масло и по готвењето, само ставете ја во машина или измијте ја со топла вода и сјај за садови.

Технички карактеристики
Безбеден во машина за садови Да
Внатрешен материјал вистински камен (квантаниум)
Димензија 24cm
Капацитет 0,8l
Материјал enamel, јаглероден челик
Основен материјал челик

Рецензии од купувачи 0 рецензии

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star

Нашите продавници работат до 19 ч.

Нарачувајте онлајн 24/7 со достава до дома #останидома