Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.
Photo
Video
Краток опис

Разбудете се на вашиот личен облак, освежени и одморени. Душекот нуди прилагодлива удобност благодарение на уникатната структура на повеќе слоеви, кои помагаат да спиете подлабоко. Секој слој е во синергија со останатите и реагира на тежината и обликот на телото и го апсорбира притисокот. CleanEffect® третманот обезбедува соодветна хигиена, додека навлаката може да се пере.

Од 22.990,00 ден. До
Dormeo Dream Inspiration Душек
За да го дознате времето на испорака, одберете од дадените опции.
Јавете ни се на 02 3094-553
Кратко инфо

Разбудете се на вашиот личен облак, освежени и одморени. Душекот нуди прилагодлива удобност благодарение на уникатната структура на повеќе слоеви, кои помагаат да спиете подлабоко. Секој слој е во синергија со останатите и реагира на тежината и обликот на телото и го апсорбира притисокот. CleanEffect® третманот обезбедува соодветна хигиена, додека навлаката може да се пере.

Дознајте повеќе
Детали за производот
Дормео душеци со Best Buy награда

Дормео душеци со Best Buy награда

Купувачите го препознаваат квалитетот на Дормео производите, а тоа го потврдува и наградата што оваа година тие ја доделија на нашите душеци во истражувањето за наградата Best Buy. Дормео душеците се добитници на најновото истражување на Best Buy Award во категоријата „Душеци“ во нашата држава. Прочитајте повеќе тука.

Непогрешлива удобност и поддршка comfort and support

Dormeo® Dream Inspiration душекот е производ на 20 години искуство во производството на висококвалитетни душеци, обезбедувајќи поквалитетен сон на милиони задоволни корисници. Ова е првиот Dormeo® душек кој има пет различни слоеви од пена кои се прилагодуваат на секоја положба на спиење и облик на тело. Нуди таргетирана поддршка, која особено им е потребна на тие кои спијат на страна, бидејќи без разлика на концентрацијата на притисок, душекот ќе ви понуди потребната поддршка.

Душек за квалитетен и удобен сон

Благодарение на горниот дел на душекот, кој се состои од 3 типови на новата генерација мемори пена, наредени еден врз друг, вашето тело ќе почувствува олеснување на мускулите и зглобовите.

Кога прво ќе легнете, пената реагира на температурата на телото и се прилагодува на обликот на телото, врз основа на уникатниот облик, тежина и положба на спиење. Различните нивоа на мекост придонесуваат за рамномерно распределување на тежината, како одговор на притисокот, давајќи ви чувство како да тонете, додека заспивате:

  • 2 см бела отворена клеточна мемори пена најгоре, која е и најмека,
  • 3 см мека сина отворена клеточна мемори пена на средината,
  • 5 см зелена отворена клеточна мемори пена на дното, која е и најцврста.

Оптимална 5-зонска поддршка за ‘рбетот

Главниот дел на душекот е составен од 2 различни слоеви на новата генерација Ecocell® пена, која има отворена клеточна структура и еластичност, која ја прави прилагодлива и со зголемен проток на воздух.

  • Долниот дел од 7см бела Ecocel® пена е цврст во споредба со 5-те см светло сина Ecocell® пена одозгора. Заедно обезбедуваа одлична поддршка за ‘рбетот.
  • Двата слоја имаат повеќе воздушни канали на долниот и горниот дел, со цел постојана циркулација на воздухот која го одржува воздухот сув.
  • Воздушните канали на горниот слој се внимателно позиционирани, обезбедувајќи 5 зони и обликување каде што е најмногу потребно (под колковите, рамената и колената). Вашиот ‘рбет ќе биде правилно поставен за време на спиењето.

Привлечен дизајн со хигиенски третман

Горната навлака е проткаена со дизајн со мали сини кругови кои формираат големи кругови на средниот дел на душекот. Се протега преку рабовите и завршува со патент кој формира модерен дизајн на водопад. Долниот дел е изработен од темно син материјал.

Покрај дизајнот кој ќе донесе модерен изглед во вашата спална соба, навлаката е зајакната и со CleanEffect® третман. Нуди заштита од бактерии, прашински грини и микроби. Исто така, навлаката се вади и се пере.

Вакумски спакуван

Душекот го добивате вакумски спакуван во ролна, за лесен транспорт.

Технички карактеристики Погледнете го составот, материјалите и другите технички спецификации кои ќе ги разгалат вашите стапала.
Анти-бактериски третман Да
Висина 22 cm
Дормео линија Vitality
Дормео програма спиење
Зони на јадро 5
Материјал Ecocell®
Мемори пена Да
Навлака која се пере Да
Цврстина Малку тврд

Рецензии од купувачи (0 рецензии)

Сè уште нема рецензии за овој производ ...

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star