Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.

ИЗМЕРЕТЕ ГО ВАШЕТО СТАПАЛО

НАЈДЕТЕ ЈА СОВРШЕНАТА ВЕЛИЧИНА ЗА ВАШИТЕ WALKMAXX ОБУВКИ

Вистински обувки и нивното совршено прилегање е основа за здрави стапала и правилен од. Ако не сте сигурни за точната величина и ширина на вашите следни Walkmaxx обувки, со задоволство ќе ви помогнеме да ги најдете вистинските.

Се што ви е потребно се два листа (А4), пенкало и линијар.

  • 1
    How to measure your foot - Step 1

    ПРВ ЧЕКОР: ИСЦРТАЈТЕ ГО ВАШЕТО СТАПАЛО

    Поставете го листот хартија на земја. Исправете се и застанете врз листот со вашите пети кон ѕид. Важно е да носите чорапи кои ќе ги носите со обувките. Потрудете се да застанете со цела тежина на стапалото, за поточни мерки. Доколку не можете само, побарајте помош при исцртување на стапалата. При тоа е важно, моливот или пенкалото да ги држите под агол од 90 степени во однос на хартијата.

  • 2
    How to measure your foot - Step 2

    ВТОР ЧЕКОР: ИЗМЕРЕТЕ ЈА ДОЛЖИНАТА И ШИРИНАТА

    1. Мерете од задниот/централниот дел на петата до крајот на најдолгиот прст.
    2. Измерете го најширокиот дел од вашето стапало.

    Можете да измерите неколу пати, за попрецизни мерки.

  • 3
    How to measure your foot - Step 3

    ТРЕТ ЧЕКОР: НАЈДЕТЕ ЈА СОВРШЕНАТА ВЕЛИЧИНА

    На графиконот ќе ја најдете измерената величина на стапалото. Потоа, во следната колона ќе ја најдете величината која ви одговара. Во последната колона, ќе најдете мерки за ширина на стапалото, за да утврдите која ширина на обувки ви треба.

    Забелешка: Кај должината, ако сте помеѓу две величини, секогаш изберете ја поголемата. За ширината на стапалото, секогаш изберте ја онаа која е најблиску до вашата мерка.