- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
НАШАТА ТЕХНОЛОГИЈА
ЗА ДА УЖИВАТЕ ВО ЖИВОТОТ НАДВОР ОД ВАШАТА ЗОНА НА УДОБНОСТ, ПРВО ТРЕБА ДА ЗАЧЕКОРИТЕ ВО НЕА.
Обувките, кои ги штитат стапалата од груби површини, се многу повеќе од само дел од нашата гардероба. Удобноста е многу повеќе од чувство. Кога зборуваме за Walkmaxx обувките, зборуваме за удобност, чувство на слобода, задоволство од нашиот личен изглед и самодоверба, со секој чекор и во секоја прилика.
За да се обезбеди ова високо ниво на удобност, ние ги користиме најновите иновативни технологии во нашата индустрија и само најквалитетните материјали кои гарантираат најдобри резултати.
WALKMAXX ORIGINALS
Добро познатиот заоблен ѓон на Walkmaxx е развиен во Германија, како иновативен ѓон кој треба да го имитира природното движење на стапалата и одењето боси. На таков начин во голема мера за зголемува удобноста. Нашата мисија при креирањето на Walkmaxx Originals е насочена кон внесување енергија во секојдневните активности на луѓето и нивно инспирирање да се движат повеќе и подобро.
СТРУКТУРА
НАДВОРЕШЕН ЃОН
Надворешниот ѓон се одликува со нелизгачко дно, широк простор за прстите и одлична стабилност на било која подлога. Овие карактеристики, заедно, овозможуваат подобро држење на телото и активација на мускулите, како и поддршка и удобност. Совршена комбинација за активен живот.
ВЛОШКА
Нашата влошка е лесна, ги апсорбира ударите и како резултат на тоа трошиме помалку енергија. Овие технолошки карактеристки резултираат во рамномерна распределба на тежината, која дава чувство како да чекориме боси.
ГОРЕН ДЕЛ
Кога сте задоволни од надворешниот изглед на обувките, тогаш се чувствувате удобно и самоуверено. Горниот дел на Walkmaxx обувките има функционална и естетска улога. Лесното прилагодување на стапалото и класично-современиот дизајн се добитна комбинација за физичко и емоционално задоволство.
WALKMAXX TREND
Walkmaxx патиките со рамен ѓон се основата на нашата серија на обувки, која е дизјанирана за да ви овозможи слобода во движењето. Развиени за да ви пружат целодневна удобност, независно дали денот го поминувате на нога, на прошетка во парк, на работа или патувајќи. Сакаме да се чувствувате како цел свет да e под нога, независно во која насоката се движите. Бидејќи со Walkmaxx Trend, каде и да одите, со себе ја носите и удобноста.
СТРУКТУРА
НАДВОРЕШЕН ЃОН
Кога станува збор за дизајн на надворешниот ѓон, клучна е стабилноста. Можете да бидете сигурни дека нашите обувки ќе ви овозможат подобар начин на движење, баланс на целото тело и зголемена самодоверба на секој чекор.
ВЛОШКА
Благодарение на врвниот квалитет на материјалите од кои е изработена влошката, нашите обувки се лесни и го апсорбираат ударот на целото стапало. Носењето на овие обувки е мошне пријатно и удобно искуство, бидејќи го прави секој ваш чекор лесен дури и кога сте активни цел ден.
ГОРЕН ДЕЛ
Модерни линии, фина завршна обработка и дополнителна странична поддршка, прават овие обувки да ви прилегаат совршено. Ќе се заљубите во совршената комбинација на удобност, стил и поддршка, овозможена од нашите обувки. Во сè што сакате да правите.