- Дали сакате да го доживеете магичниот свет на супер попусти?
- Зачленете се тука
- Веќе сте член?Кликнете тука
Клуб 5* Правила на членство

Попустите добиени по различни основи не се собираат. Купувачот може да одлучи, односно да одбере која од понудите ќе ја користи.
- Издавачот на Клуб 5*, Студио Модерна д.о.о.е.л. Скопје, Костурски Херои 38, 1000 Скопје, ќе Ви ја испрати картичката на приложената адреса со вашите лични податоци (истите кои што се наведени и при самото купување на членството). Картичката се издава бесплатно, предмет на наплата е надоместокот за годишна членарина.
- Членството во клубот, кое што ви носи одредени предности, е ограничено на 1 или 2 години во зависност од членството, истото започнува да важи на денот кога е извршена уплатата. Членството може да се продолжи во период од најрано 2 месеца пред истек на истото, а најдоцна до истекот. Условите и начините на продолжување се дефинирани од издавачот.
Двете Клуб 5* членства се: Premium членство со важност од 1 година и Exclusive членство со важност од 2 години. Доколку ви се потребни дополнителни информации или имате прашања, ве молиме да се јавите на 02 3094-550.
- По истекот на членството веќе немате можност да ги користите предностите кои што претходно сте ги имале од истото. Преостанатите ваучите, поени, и останати неискористени предности престануваат да важат кога престанува и важноста на членството или рокот означен на истите.
- Предностите од членството можат да се ги користи носителот на картичката како и членови на семејството (сопруг/а; партнер/ка; брат/сестра; ќерка или син), со приложување на картичката или документ за идентификација (за проверка). Производите можат да бидат доставени единствено на адресата приложена како адреса на живеење при станувањето на член на клубот, и треба да бидат платени во истиот момент на достава. Доколку има било каква промена на вашите лични податоци, ве замолуваме да нè известите во истиот момент кога таа ќе настане, како би биле во можност полесно да ви ги овозможиме предностите од вашето членство. За да се искористат роденденските предности (попусти, ваучери и сл) задолжително е при купување на членството да се приложи датата на раѓање на носителот на членството.
- Клуб картичката може да се користи на производи кои што се претходно дефинирани со Клуб 5* цени, односно понуди. Попустите не се кумулативни (попустите здобиени по различни основи не се собираат – купувачот одбира кој попуст ќе го користи).
- Ваучерите се користат на редовните цени, според правилата дефинирани на истите. Важноста и начинот на користење се назначени на самите ваучери. Ваучерите кај соработниците на Клуб 5* се користат со приложување на ваучерот и клуб картичката во продажните места на истите.
- Клуб 5* членовите користат Голем попуст на нивниот 11-ти купен производ. Попустот се пресметува врз основа на вкупната вредност на претходно купените 10 производи. Почнувајќи од 1 март 2022-ра година, Голем попуст ќе се пресметува според следниот ранг:
- прв ранг: Клуб 5* членовите кои ќе купат 10 производи со вкупна вредност до 39.990 ден. добиваат 5% од вредноста на купените 10 производи, за користење на 11-от производ.
- втор ранг: Клуб 5* купувачи кои ќе купат 10 производи со вкупна вредност од 40.000 до 89.990 ден. добиваат 10% од вредноста на купените 10 производи, за користење на 11-от производ.
- трет ранг: Клуб 5% купувачи кои ќе купат 10 производи со вкупна вредност над 90.000 ден. добиваат 12% од вредноста на купените 10 производи, за користење на 11-от производ.
Дополнително, големиот попуст ќе може да се искористи во рок од 30 дена од стекнување на истиот и на моменталната цена на производот (без разлика дали таа е акциска, клуб или редовна цена).
- Студио Модерна го задржува правото да ја одземе или прогласи за неважечка Клуб 5* картичката доколку се утврди дека истата е злоупотребена. Предностите на Клуб 5* картичката се однесуваат на носителот и неговото семејство, но не и на трети лица. Ваучерите, подароците и користењето на поени може да се користат само од страна на носителот на картичката со приложување на истата заедно со документ за лична идентификација.
- Студио Модерна, како издавач на членството, го задржува правото да ги менува Клуб 5* правилата. Доколку дојде до евентуални промени на правилата, истите ќе бидат објавени на www.klub5.com.mk. Ако ја користите клуб картичката по промена на правилата значи дека се сложувате со истите.
- Доколку дојде до губење на картичката, истото треба да се пријави на телефон 02/3094 594, или пак на адресата на Студио Модерна. Во период од 30 дена по примањето на пријавата, картичката ќе ви биде обновена на трошок на издавачот и ќе ви биде издадена нова. Сопственикот на картичката може да ги користи предностите од членството веднаш по примањето на новата клуб картичка.