Клуб 5*
0
0,00 ден.
Losd fsdf sd
Нема производи во вашата кошничка.
Photo
Video
Краток опис

Во потрага сте по пар сандали со кои можете да го водите вашиот исполнет животен стил? Новите Walkmaxx Trend Cork Сандали ја обезбедуваат потребната поддршка благодарение на новата ексклузивна технологија за влошки. Изработени од лесни материјали кои дишат, овие сандали се флексибилни и се движат со вас. Имаат подлога која се обликува според стапалата и супериорна поддршка за петата.

1.590,00 ден.
Club5*: 1.113,00 ден.
Trend Cork Сандали
Табела на големини
За да го дознате времето на испорака, одберете од дадените опции.
Јавете ни се на 02 3094-550
Кратко инфо

Во потрага сте по пар сандали со кои можете да го водите вашиот исполнет животен стил? Новите Walkmaxx Trend Cork Сандали ја обезбедуваат потребната поддршка благодарение на новата ексклузивна технологија за влошки. Изработени од лесни материјали кои дишат, овие сандали се флексибилни и се движат со вас. Имаат подлога која се обликува според стапалата и супериорна поддршка за петата.

Дознајте повеќе
Детали за производот

Не грижете се за обувките ова лето

Изработени за да им пружат мекост на вашите стапала и сјај на вашата облека, Walkmaxx Trend Cork Сандалите ќе направат да се издвоите од толпата. Трендовска комбинација од плута и светло обоени ленти кои совршено се совпаѓаат со вашата летна гардероба - без разлика дали сте на плажа, во канцеларија или на шопинг. Овие сандали го носат белегот на вашата облека и удобност, без оглед каде се наоѓате.

Walkmaxx Trend Sandals Cork

Прекрасни до најситен детал

Девојките сакаат внимателно изработени обувки со прекрасни детали – како овие сандали кои комбинираат прекрасно оформен ѓон и еластични ремени со ситни перфорирани украси. Покрај тоа што изгледаат добро, дизајнот на еластичните ремени овозможува добра вентилација за вашите стапала. Паметен и модетен дизајн!

Walkmaxx Trend Sandals Cork

Среќни стапала цел ден

Walkmaxx Trend Cork Сандалите имаат сè што е потребно за да се чувствувате удобно и задоволно. Постојано во мода, влошката од плута не само што го потврдува вашиот стил туку и нуди леснотија за прстите и петите со својата мека и нежна површина. Овие сандали се направени од лесни материјали, кои дишат и имаат флексибилен горен дел што го следи вашето движење. Ќе се чувствувате пријатно додека ги извршувате вашите секојдневни активности.

  • Walkmaxx Trend Sandals Cork

    Заоблен ѓон

    Добро познатиот заоблен ѓон на Walkmaxx му дава поддршка на вашиот чекор, поттикнува подобро држење на телото и ги активира вашите мускули додека одите. Вашите сандали никогаш не биле толку функционални и стилски!

  • Walkmaxx Trend Sandals Cork

    Обликуван ЕВА ѓон

    Цврст и подготвен да ве одведе во секоја авантура, флексибилниот ѓон е направен од ситни меурчиња споени заедно, што ви дава дополнителна мекост, флексибилност и апсорпција на удари.

  • Walkmaxx Trend Sandals Cork

    Микрофибер постава

    Поминувате поголем дел од денот во исти чевли? Без грижи. Поставата од микрофибер го отстранува вишокот на влага и се грижи за свежи стапала во текот на целиот ден.

Како да го измерите вашето стапало Погледнете ја табелата со величини и најдете ја величината која ви одговара.

Како да го измерите вашето стапало

Најдете ја совршената величина за вашите Walkmaxx обувки. Вистински обувки и нивното совршено прилегање е основа за здрави стапала и правилен од. Ако не сте сигурни за точната величина и ширина на вашите следни Walkmaxx обувки, со задоволство ќе ви помогнеме да ги најдете вистинските.

Сè што ви е потребно се два листа (А4), пенкало и линијар.

  • 1
    How to measure your foot - Step 1

    Исцртајте го вашето стапало

    Поставете го листот хартија на земја. Исправете се и застанете врз листот со вашите пети кон ѕид. Важно е да носите чорапи кои ќе ги носите со обувките. Потрудете се да застанете со цела тежина на стапалото, за поточни мерки. Доколку не можете само, побарајте помош при исцртување на стапалата. При тоа е важно, моливот или пенкалото да ги држите под агол од 90 степени во однос на хартијата.

  • 2
    How to measure your foot - Step 2

    Измерете ја должината и ширината

    1. Мерете од задниот/централниот дел на петата до крајот на најдолгиот прст.
    2. Измерете го најширокиот дел од вашето стапало.

    Можете да измерите неколу пати, за попрецизни мерки.

  • 3
    How to measure your foot - Step 3

    Најдете ја совршената величина

    На графиконот ќе ја најдете измерената величина на стапалото. Потоа, во следната колона ќе ја најдете величината која ви одговара. Во последната колона, ќе најдете мерки за ширина на стапалото, за да утврдите која ширина на обувки ви треба.

    Забелешка: Кај должината, ако сте помеѓу две величини, секогаш изберете ја поголемата. За ширината на стапалото, секогаш изберте ја онаа која е најблиску до вашата мерка.

Мерки за Trend Cork Сандалите

Величина

Должина на стапалото

(см)

Ширина на стапалото

(см)

36 23,9 9,0
37 24,5 9,1
38 25,2 9,3
39 25,9 9,5
40 26,5 9,6
41 27,2 9,8
42 27,9 10,0
Технички карактеристики Погледнете го составот, материјалите и другите технички спецификации кои ќе ги разгалат вашите стапала.
Вокмакс линија Trend
Достапни бои златна, розева, сина, црна
Достапни големини 36-42
Материјал: Ѓон ЕВА гума
Материјал: Влошка latex foam
Материјал: Горен ѓон (во однос на ѓонот) полиуретан (ПУ)

Рецензии од купувачи (0 рецензии)

Сè уште нема рецензии за овој производ ...

Што мислите за овој производ? *

1 1 ѕвездичка
2 2 star
3 3 star
4 4 star
5 5 star